4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Будвански утра на Савската променада“

„Будвански утра на Савската променада“

Со цел промоција на постсезоната на будванската ривиера, Туристичката организација Будва од 25 до 29 август, во Белград, ќе организира низа интересни случувања во туристичко-информативното биро на Савската променада, под името „Будвански утра на Савската променада“.

Цените во хотелско сместување за периодот септември/октомври се за 30% пониски во однос на јули и август, a истите се обединети на еден флаер, кој заедно со промотивниот материјал за дестинацијата, ќе биде достапен за сите посетители.

Во сабота и во недела (27 и 28 август) во претпладневните часови (од 9 до 12 часот) посетителите на инфо-бирото на ТО Будва во Белград ќе бидат послужени со бесплатни приморски специјалитети (руштули и фугаца) и вкусно утринско кафе, а за најмладите е обезбеден и голем број на шарени балони кои ќе бидат поделени на локацијата.

Утринското кафе со претставниците на медиуми е планирано за сабота, 27 август, во 11 часот. Претставниците на ТО Будва во текот на нивниот престој во Белград ќе промовираат и две од најновите случувања кои ќе го обележат периодот на постсезоната – Петровачка ноќ, која ќе се одржи на 3 септември и Денот на ширунот, кој е планиран за 8 октомври.

Ни претставува задоволство да ве повикаме на утринско кафе со опоен мирис кое мора да го испиеме заедно во Белград!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП