17 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЧудото на дизајнот – Џакузи луксузен чамец

Чудото на дизајнот – Џакузи луксузен чамец

d4

Овој дизајнерски проект е мешавина од џакузи и чамец. Направен е за уживање, а чини само 42.000 долари…

d1

Ова е електричен чамец со вградено џакузи на палубата. Измислен е и направен во Сиетл, со димензии 8x4x24 и позициониран е на самата средина на чамецот,  со што се обезбедува одредена стабилност.

d3

Со интегриран дизел бојлер и подесувачки термостат која ја грее водата, можете да уживате и да се релаксирате додека пловите со своите најблиски пријатели.

d5

Тука е и водоотпорниот стерео систем кој пушта музика од вашиот MP3 плеер преку два звучника кои излегуваат од палубата. Исто така, тука се и четири кутии со лед за да можете да уживате и да се освежувате со пијалоци по ваш избор.

d6

Електричниот мотор го движи чамецот, со максимална брзина од 5/mph на мирни води, а се управува со џојстик. Неговата батерија на полнење ви дава 10 часа резервна енергија користејќи „smart plug“ конекција и полначи на самиот брод. Дали можете да се замислите себеси како уживате во овој магичен дизајн.

d7

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП