29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНа возачите кои нема да вклучат клима им се заканува казна до...

На возачите кои нема да вклучат клима им се заканува казна до 6.000 евра

Климата е вообичаена ставка во скоро сите автомобили овие денови, но има многу постари автомобили на патиштата кои немаат клима.

Со температурите кои се приближуваат до 40°C во Велика Британија, дури и отворениот прозорец веројатно нема да биде од голема корист во обидот да се изладат возачите.

Неопходна е клима во автомобилот

Властите во Велика Британија ги потсетуваат возачите на правилото 237 од Законот за патен сообраќај, кој вели дека возилото мора да биде добро климатизирано и проветрено за да се избегне поспаност при возење.

Тие ги повикуваат возачите да запомнат дека возењето при многу високи температури многу го отежнува управувањето со возилото и може да предизвика сообраќајна незгода, па за непочитување на правилата за климатизација се заканува казна до 5.000 фунти.

„Иако многу луѓе не се свесни за овие сообраќајни правила, важно е да се знаат законите, не само за да се избегне парична казна, туку и да се чуваат сите безбедни додека возат“, велат од Зуто автомобилската куќа, пренесува „Сан“.

Клима не постои ниту во сите домаќинства

Велика Британија летово првпат забележа температури над 40 степени целзиусови.

Живата привремено покажа 40,2 степени Целзиусови на аеродромот Хитроу, како што соопшти метеоролошката агенција на земјата.

Аеродромот во Лондон беше принуден да ги прекине летовите откако дел од пистата едноставно се стопи.

Стотици поаѓања на возови беа откажани, а луѓето беа предупредени да избегнуваат јавен превоз, да останат хидрирани и да се разладат колку што е можно повеќе.

Сепак, екстремните температури се особено шокантни за Велика Британија, каде ниту луѓето, ниту инфраструктурата не се подготвени за таква топлина. Се смета дека само околу пет отсто од британските домови имаат климатизација.

Научниците велат дека топлотните бранови станале почести, поинтензивни и подолготрајни, што е особено видливо ова лето.

Со „големиот пораст на пожарите низ главниот град“, градоначалникот на Лондон, Садик Кан, побара од жителите и посетителите да бидат повнимателни со скарите, цигарите и другото ѓубре додека пожарникарите се борат со пожарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП