3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕИ велосипедите можат да бидат луксузни

И велосипедите можат да бидат луксузни

v4

Повеќето луѓе во светот велосипедот го сметаат за економично и еколошко превозно средство. Но постојат и велосипеди кои се повеќе од луксузни.

Магазинот „Just Luxe“ направи листа на неколку компании кои изработуваат велосипеди за купувачи со екстра длабоки џебови и префинет вкус за луксуз. Нивната цена се движи од 4.000 долари, па се до 26.000 долари и имаат нагласен отмен изглед. А ако мислите дека велосипедите не се доволно отмени и луксузни, погледнете само некои од овие престижни примероци кои важат за едни од најпопуларните – глобално, се разбира!

Porsche RS & S

v1

Градскиот велосипед S на Порше  е лесен и безбеден, додека RS – 29 инчниот спортски модел е дизајниран за брзо возење и има додатоци како што се карбонските детали во рамот, рачките и седиштето. Цената на моделот S е 4 449.98 долари, додека за RS треба да се издвојат 7 999.99 долари.

Цената на S моделот е 4.449 долари, додека за RS верзијата треба да издвоите 7.999 долари.

Hermes Quadrille Promenade

v2

Hermes велосипедот има класичен и безвременски дизајн, овој познат бренд произведува велосипеди уште од осумдесеттите години на минатиот век. Како и останатите модели од понудата на оваа компанија, и овој модел е наменет исклучиво за уживање во опуштени градски возења.

Цената на Hermes Quadrille Promenade е 4.650 долари.

Gucci Bianchi

v3

Велосипедот на познатиот моден бренд – Gucci за своите обожаватели создаде луксузен велосипед со прекрасен елегантен дизајн. Моделот доаѓа во црна и бела боја, има интересни дизајнерски детали и интересна цена од 14.000 долари.

Chanel

v4

Велосипедот на познатиот бренд Chanel е рачно изработен и има детали од телешка кожа. Дизајниран е воглавно за жени, па така со себе има и торбичка за шминка и други ситници. Црниот елегантен велосипед е произведен во само 50 примероци, а цената му е 17.000 долари.

BMC impec Lamborghini Edition

v5

Сопствениците на Lamborgini кои сакаат да се рекреираат возејќи велосипед и сакаат брендот на миленикот со четири тркала да одговара со оној на две тркала, имаат можност да го купат BMC impec Lamborghini Edition. Овој велосипед е дело на швајцарскиот производител на велосипеди BMC кој во соработка со автомобилскиот бренд, дизајнираше уникатен модел што неодоливо потсетува на моделите на Lamborgini.

Достапни се само 30 примероци, а еден од нив ќе чини околу 26.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП