24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПознати спецификации на „Motorola Edge“ за 2022-ра

Познати спецификации на „Motorola Edge“ за 2022-ра

По одложувањето на настанот на неодреден период на кој требаше да бидат претставени долгоочекуваните мобилни телефони „Motorola Razr 2022“ и „X30 Pro“, останавме лишени од свежи вести за уредите на компанијата. Сепак, како што објави „GizChina“, се појавија првите спецификации и фотографии од новиот модел „Edge“ планиран за оваа година.

Во моментов се појавија неколку неофицијални информации за спецификациите на претстојниот телефон на „Motorola“, додека официјалното претставување се очекува во одреден момент во текот на тековниот квартал. Засега е познато следново:

Чипсет: Се шпекулира дека овогодинешниот модел на телефонот „Motorola Edge“ нема да се напојува со Snapdragon како претходните години, туку од MediaTek MT6879. Ова е окта-јадрен процесор кој се состои од 2 јадра Cortex-A78 и 6 Cortex-A55 јадра, споени со графички чип Mali-G79. Според досегашните информации, би требало да има 6 GB и 8 GB работна меморија, а опциите за простор за складирање се стандардни со 128 GB и 256 GB.

Батерија: Во овој момент, се претпоставува дека „Edge“ ќе има импресивна батерија од 6.000 mAh, но нема информации за тоа колку брзо ќе се полни оваа батерија.

Екран: Достапните информации сугерираат дека „Motorola Edge 2022“ ќе има 6,5-инчен P-OLED дисплеј кој ќе донесе FHD+ резолуција и вертикална стапка на освежување до 144 Hz.

Камери: Предната камера најверојатно ќе има резолуција од 32 MP, додека главната камера ќе има резолуција од 50 MP и оптичка стабилизација на сликата (уште еден телефон со Sony IMX766?). Покрај него, има и ултра широкоаголна камера со резолуција од 13 MP и сензор за длабочина со резолуција од 2 MP.

Дизајнот на овој телефон го носи класичниот изглед кој ги карактеризира повеќето уреди на „Motorola“ за оваа година. Има куќиште за камера со необичен изглед што го има на речиси сите телефони од овој производител, а на предната страна ќе најдете рамен екран со малку поизразен долен раб околу него.

Засега нема точни информации за тоа кога овој телефон ќе биде претставен во јавноста и која ќе биде неговата цена. Се очекува тоа да биде познато во текот на тековниот квартал, но сѐ уште ништо не е потврдено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП