29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто се случува кога наутро јадете јајца?

Што се случува кога наутро јадете јајца?

Канадските научници открија дека доколку појадувате јајца ќе имате намален ризик од кардиоваскуларни болести и рак.

Јајцата се одличен извор на протеини и ги содржат витамините А, Д, и Е, Б12, рибофлавин и фолати, како и минералите јод, железо, калциум, цинк и селен.

Тајната, според канадското истражување, е во тоа што јајцата содржат триптофан и тирозин. Ако го започнете денот со две варени јајца ќе имате енергија да го започнете денот со работен елан.

Единствено правило е доколку јадете јајца со нив да не мешате јаглени хидрати – односно леб. А американските истражувачи открија дека консумацијата на јајца за појадок пропратено со полесна исхрана двојно го забрузва губењето на килограмите.

Јајцата треба да бидат вашиот избор за појадок бидејќи освен протеини, во значителни количини ги поседуваат речиси сите есенцијални витамини и минерали, како и други состојки кои поволно делуваат на здравјето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП