Во пресрет на големиот национален празник Илинден, од паркот „Јане Сандански“ во Општина Аеродром денеска тргнува 44-от традиционален коњички марш до Крушево.
Стартот на маршот е во 17:30 часот, кога градоначалникот Тимчо Муцунски ќе им го предаде општинското знаме на коњаниците, кои преку црквата Св. Петар и Павле во Горно Лисиче ќе го почнат својот долг пат до славното Крушево.

