26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Газпром“ ќе гради нафтовод меѓу Романија и Србија

„Газпром“ ќе гради нафтовод меѓу Романија и Србија

gazpromnaft1

Конзорциум, составен од две српски и две романски комапнии, ќе гради нафтовод што ќе ги поврзува Србија и Романија, објави виенскиот бизнис весник „Виртшафтсблат“.

Според весникот, во конзорциумот членуваат „Нафтената индустрија на Србија“ (НИС), кој е во сопственост на рускиот гигант „Газпорм“, српската „Транснафта“ и романските компании „Конпет“ и „Оил Терминал“.

„Виртшафтсблат“ нагласува дека со овој проект „Газпром“ сака да си обезбеди сигурна траса да достава на нафта од романското црноморско пристаниште во Констанца до рафинеријата во српскиот град Панчево.

Изградбата на нафтоводот од романскиот град Питешт до Панчево, ќе чини околу 200 милиони евра. Преку него се предвидува да се пренесуваат по околу 7,5 милиони тони нафта годишно.

Во иднина можно е продолжување на нафтоводот и до рафинеријата во Босански Брод, нагласува „Виртшафтсблат“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП