23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„General Motors“ објави профит помал од очекуваниот

„General Motors“ објави профит помал од очекуваниот

Американскиот производител на автомобили „General Motors Co.“ (GM) објави помала од очекуваната добивка во вториот квартал бидејќи недостигот на чипови го ограничи производството.

Сепак, компанијата со седиште во Детроит, САД ги остави непроменетите насоки за профитот за 2022-ра година, како одраз на силната побарувачка за нејзините поскапи модели на автомобили – оптимистички сигнал дека „GM“ може да обезбеди доволно полупроводнички резерви.

Во вториот квартал од годината, заработката на „GM“ достигна 1,14 долари по акција, што е под консензуалните проценки од 1,31 долар по акција во анкетата на медиумите. Резултатот е исто така под минатогодишните 1,97 долари по акција.

Продажбата достигна 35,76 милијарди долари, надминувајќи ги проценките од 34,81 милијарди долари.

За целата година, производителот на автомобили очекува оперативен профит (EBITDA) помеѓу 13-15 милијарди долари, со прогнозите непроменети од оние од претходниот квартал. Заработката по акција ќе биде помеѓу 6,50 и 7,50 долари по акција.

Претходно во текот на денот, беше откриено дека јужнокорејскиот огранок на компанијата (GM Korea) продолжи со работа во две нејзини фабрики во земјата оваа недела, откако производството беше прекинато поради проблеми со синџирот на снабдување.

Корејската филијала на компанијата го запре производството на сите нејзини модели во Чангвон и Бупјеонг бр. 2 од средината на јули, откако локалниот добавувач на автоделови одби да испорача. Според компанијата, производството во Бупјеонг бр. 1 не било засегнато.

Јужнокорејскиот снабдувач „ERAE AMS“, кој произведува делови за производители на автомобили како што се „Volkswagen AG“, „Hyundai Motor Co“ и „BYD“, одби да испорача какви било делови, барајќи да ги зголеми цените за оние делови што се испорачуваат во фабриките на „GM“ во земјата.

Двете фабрики на гигантот во Чангвон и Бупјеонг бр. 2 имаат годишен производствен капацитет од вкупно околу 70.000 единици, што е околу 30 отсто од вкупното производство на компанијата во земјата во минатата година, според податоците на Корејската асоцијација на производители на автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП