22 јуни, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕ4 намирници кои го намалуваат потењето

4 намирници кои го намалуваат потењето

И покрај редовната хигиена и користењето на козметички препарати, нашето тело за време на летните денови станува лепливо и таложи непријатни мириси, нормално, причината за тоа е потењето. Иако во борбата со оваа нелагодна појава најчесто помошта ја бараме во козметичките препарати, можеме да си помогнеме ако промениме и неколку животни навики. Една од нив е исхраната, ви откриваме кои намирници најдобро помагаат во намалувањето на потењето.

1. Храната богата со влакна како што се бобичестите плодови, јаткастите плодови, лиснатиот зелен зеленчук и целите зрна од житариците за време на летото би требало да се вкучени во големи количини во дневните оброци.

2. Црвеното месо заменете го со риба, лососот и сарделата содржат големи количини на калциум, кои помагаат за да се намали потењето. Портокалот и брокулата имаат ист ефект.

3. Ним е позната индиска билка која ефикасно помага при потењето, бидејќи претставува силен антиоксиданс. Во шоља врела вода додадете два прста прав од ним и размешајте. Ако вкусот ви е горчлив додадете малку мед и лимон. Чајот конзумирајте го најмалку три пати дневно, а најважно е наутро да го испиете на празен желудник.

4. Маслиновото масло користете го како единствен додаток во салати и варива, тоа изобилува со антиоксиданси и полесно се вари од другите билни масла. Затоа избегнувајте маргарин и сончогледово масло кога подготвувате јадење, бидејќи тие на висока температура се претвараат во штетни состојки кои телото ги исфрла во облик на токсини преку порите на кожата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар