19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАШорцеви пронајдени во алги на плажата Катерини ги подгреаа надежите за пронаоѓање...

Шорцеви пронајдени во алги на плажата Катерини ги подгреаа надежите за пронаоѓање на Мартин

Информацијата за пронаоѓање црни шорцови за капење помеѓу алги ги подгреа надежите на семејството и волонтерите за пронаоѓање на Мартин, кој пред 13 дена исчезна во Егејското Море.

Шорцовите се слични на оние што ги носел 31-годишниот Мартин Јовановски на денот на исчезнувањето.

„Утрово ни испратија фотографија од шорцови за капење пронајдени меѓу алги во Катерини, но граѓанинот што ги нашол не ги задржал, па не можеме да му ги покажеме на семејството. Меѓутоа, тие ја видоа фотографијата и мислат дека личат на шорцовите што ги носел Мартин“, изјави за GRTimes првиот човак на ОФКАТ, Христос Рамос.

Рамос напоменува и дека потрагата по Мартин се префрла на подрачјето на Катерини, пренесуваат грчките медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП