19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ замрзна руски средства во вредност од 14 милијарди евра

ЕУ замрзна руски средства во вредност од 14 милијарди евра

Според санкциите поради војната во Украина, ЕУ ги замрзна руските средства во вредност од 13,9 милијарди евра, пренесува „Bloomberg“.

Само шест земји – Австрија, Белгија, Луксембург, Германија, Франција и Ирска – имаат блокирано имот за 12,7 милијарди евра. Некои од земјите на заедницата воопшто не презеле никакви мерки за руските средства, коментира комесарот за правда Дидие Рејндерс.

„Само шест земји ја завршија својата работа“, рече тој во интервјуто.

На крајот на минатата недела ЕК претстави нов пакет санкции против Москва, а главниот дел од мерките се однесуваа на заострување на дупките од претходните пакети. Заедницата, исто така, работи на тоа да им даде на земјите на ЕУ повеќе овластувања за замрзнување на имотот, проширувајќи ја листата на кривични дела што го дозволуваат тоа. Се очекува на корупцијата и перењето пари да се додадат и кршењето на режимите на санкции.

Реиндерс се надева дека со овие промени на правилата, земјите на ЕУ не само што ќе ги замрзнат, туку и ќе можат да конфискуваат такви средства. За да се случи тоа мора да има поврзаност меѓу криминалот и поседувањето на средствата, додава комесарот.

Овие правила најверојатно ќе бидат објавени во октомври откако Европскиот парламент ќе ја изрази својата поддршка за нив.

Замрзнатите руски средства се наведени како еден од изворите на финансирање на напорите за обнова на Украина по конфликтот. На почетокот на јули, Киев за време на донаторска конференција во Лугано претстави план вреден 750 милијарди долари, кој вклучува не само изградба на уништената инфраструктура, туку и реформи за помош на земјата во нејзината европска интеграција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП