19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАXiaomi: Mi-3 е најбрзиот смартфон на пазарот

Xiaomi: Mi-3 е најбрзиот смартфон на пазарот

xia2

„Xiaomi“ го промовираше новиот предводник Mi-3, опремен со најмодерни компоненти, за кој тврди дека е најбрзиот смартфон на пазарот.

Што се однесува на техничките карактеристики, Mi-3 или MiPhone 3 постои во две верзии, во зависност од операторот – во едната се наоѓа Nvidia Tegra 4 чип со 1,8 GHz, а во другата, веќе очекуваниот Qualcomm Snapdragon 800 со 2,3GHz.

Овој телефон е речиси како таблет, иако се држи на границата од пет инчи. IPS екранот е Sharp/LG производство со резолуција од 1920 х 1080 пиксели.

xia1

Во внатрешноста се наоѓа и 2GB LPDDR3 работна меморија, 16 до 64Gb интерна меморија, Sony Exmor RS CMOS камера од 13 мегапиксели и батерија со капацитет од 3050 mAh.

Сето тоа е сместено во куќиштето со дебелина од само 8,1 мм, кое има тежина од 145 грама. Од софтверската страна, тука е Андроид, односно MIUI V5 – модифицирана верзија на Андроид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП