Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски му порача на министерот Бујар Османи дека не постојат две верзии на историјата. Тој исто така додава дека Бугарија нема да прави компромиси.
„Бугарија нема да прави компромиси за историската вистина. А таа, господине Бујар Османи, е дека Самоил е бугарски цар, а Гоце Делчев е Бугарин. А ВМРО отсекогаш се борела за ослободување на Бугарите во Македонија.

