28 април, 2024
ПочетнаКОРОНАНови 511 заразени со коронавирус во последните 24 часа

Нови 511 заразени со коронавирус во последните 24 часа

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.489 тестови, а регистрирани се нови 511 случаи на КОВИД-19: Скопје – 276, Куманово, Кавадaрци и Охрид – по 27, Велес – 23, Битола – 22, Тетово – 17, Прилеп – 15, Штип – 13, Струмица и Кочани – по 12, Радовиш и Делчево – по 6, Гостивар, Струга, Гевгелија и Неготино – по 4, Крива Паланка – 3, Ресен, Свети Николе и Кратово – по 2, Берово, Валандово и Богданци – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (511), регистрирани се 129 реинфекции.

Регистрирани сe 264 оздравени пациенти од: Скопје – 149, Охрид – 15, Кавадарци и Битола – по 12, Куманово – 11, Тетово – 9, Велес – 8, Прилеп, Струмица и Гостивар – по 6, Штип и Неготино – по 5, Кочани – 4, Гевгелија – 3, Струга, Крива Паланка и Пробиштип – по 2, Делчево, Ресен, Богданци, Кичево, Дебар, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје (72г и 88г), едното лице е починато во болнички услови, а другото лице во домашни услови. Лицата се починати на ден 05.07.2022.

Досега во земјата се направени вкупно 2.092.192 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 316.729, бројот на оздравени пациенти е 305.503, на починати е 9.337, а бројот на активни случаи изнесува 1.889

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП