30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАферата „УБЕР“ го потресе светот: Директорите на технолошкиот гигант вршеле притисок врз...

Аферата „УБЕР“ го потресе светот: Директорите на технолошкиот гигант вршеле притисок врз лидерите

„Гардијан“ открива како политичарите како Емануел Макрон и Нели Крос и помогнале на компанија чие мото било „насилството гарантира успех“.

Дискретното додворување на премиерите, претседателите, милијардерите, медиумските магнати, олигарсите со намера да ја зграпчат нивната поддршка е дел од годишното лобирање на Uber од 90 милиони долари. Поткупот беше дел од стратегијата за регрутирање моќници за да им се помогне пријателски да се наметнат себеси во самиот врв на такси индустријата. Накратко, според Гардијан, ова бил бизнис моделот на компанијата од 2013 до 2017 година. Британскиот весник дошол до досиеја кои откриваат како европските политичари, како францускиот претседател Емануел Макрон, му помогнале на Uber да се прошири во Европа. Во тимот на „соработници“ од самата европска политичка елита, „Гардијан“ наведува дека и поранешната еврокомесарка Нели Крос му помогнала на овој технолошки гигант кој ги прекршил законите, ја измамил полицијата, употребил насилство за експанзивно да се искачи на глобалните скалила на успехот. Досиејата откриваат и обиди за лобирање на Џозеф Бајден, Олаф Шолц, Џорџ Озборн, Марк Руте.

Досиејата кои содржат повеќе од 124.000 записи, електронски пораки, разговори, откриваат, како што истакнува „Гардијан“, дека Макрон додека француските таксисти протестирале против „Uber“ бил во контакт со првиот човек на оваа компанија Тевис Каланик, на кого, според весникот, му рекол дека ќе ги реформира законите во нивна полза. Како бомба, наводите дека Нели Крос, која тогаш беше меѓу највисоките функционери во Брисел, во време кога „Uber“ беше проследен со тужби, обвинувања за сексуално вознемирување и стотици други скандали, преговарала да се приклучи на компанијата додека била се уште во мандат, а потоа лобирале за оваа компанија.

Актуелното раководство на „Uber“ веќе си ги мие рацете од мрачното минато. Тие велат дека бесот на акционерите во 2017 година го принуди Тревис Каланик да си оди и дека немаат никаков удел во неговите матни зделки. Понатаму, тие истакнуваат дека неговиот наследник имал задача да го трансформира секој аспект од бизнисот, а тој вовел исклучително ригорозни контроли и ја довел компанијата во ред.

Макрон, пак, како министер за економија, во „Убер“ видел шанса за напредок додека на земјата и требаше отворање нови работни места. „Гардијан“ наведува дека тогашниот министер сакал да помогне, па се сретнал со Каланик, по што следело контроверзната заштита на интересите на компанијата. „Наскоро ќе танцуваме“, рече лобистот на Uber, Марк Мекган, опишувајќи ја средбата со Макрон како спектакуларна. Документите откриваат дека Макрон и Каланик „танцувале“ неколку пати во Париз и Давос, а потоа „Убер“ му напишал писма на Макрон за да му изрази благодарност, а потоа да предложи акциони рамки кои би можеле да станат законодавна рамка во Франција. Малку подоцна, Макрон потпиша декрет за олеснување на условите за лиценцирање на возачите на Uber. Претседателскиот кабинет на Макрон, во кој тој го извршува својот втор мандат, истакна во врска со аферата дека неговите функции природно го доведоа до „интеракција со многу компании кои беа ангажирани во острата промена што се случи во услужниот сектор во текот на тие години, што мораше да да биде полесно отклучување на административните и регулаторните пречки“.

И поранешната еврокомесарка за дигитални технологии и потпретседател на Европската комисија вели дека, според природата на нејзината работа, соработувала со бројни технолошки компании, се разбира секогаш водена од она што таа смета дека му служи на јавниот интерес. Досиејата протекоа до „Гардијан“ и споделени со Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари и бројни медиумски организации, сепак, велат дека Нели Крос лобирала во нејзината татковина Холандија во интерес на „Убер“, што исто така создавало правни и политички проблеми таму. Медиумите јавуваат дека во 2015 година полицијата упаднала во канцеларијата на „Убер“ во Амстердам, а Нели Крос повикала министри и други членови на владата да ги убеди да се откажат од рацијата. Судејќи според протечените документи, Крос потоа му се обратила на холандскиот министер и го „малтретирала“, а компанијата сакала таа да ги пренесе пораките до кабинетот на холандскиот премиер Марк Руте.

Најбрзо растечката компанија во светот, која беше проследена со скандали, беше предводена од извршен директор кој на директорите им кажа дека „насилството гарантира успех“. „Uber“ стана еден од најпознатите извозни производи на Силиконската долина. Бизнисот во текот на петгодишниот период под раководство на ко-основачот Каланик, како што сугерираат протечените документи, се засноваше на кршење на законот, поради што компанијата внатрешно се шегуваше дека тие се пирати. Извршните директори изразија отворено презир кон секој што се противи на нивниот бизнис модел, па германскиот канцелар Олаф Шолц го нарекоа „вистински комичар“.

„Гардијан“ наведува дека кога Џозеф Бајден, тогашниот потпретседател на САД, доцнел на состанок со претставници на компаниите на Светскиот економски форум во Давос, Каланик во порака на својот колега му рекол дека неговите луѓе го информирале (Бајден) дека секоја минута која касни, минута помалку што ќе има со него (Каланик). Британскиот весник потсетува дека по средбата со Каланик, Бајден го променил својот подготвен говор во Давос за да се повика на извршниот директор чија компанија ќе им даде на милиони работници „слобода да работат онолку часови колку што сакаат и да управуваат со својот живот како што сакаат“. Гардијан водеше истрага за протечените документи со споделување на податоците со медиумски организации ширум светот. Повеќе од 180 новинари во 40 медиуми, меѓу кои „Монд“, „Вашингтон пост“, Би-би-си, во наредните денови ќе објават серија извештаи за „танцот“ на технолошкиот гигант со светската политичка елита.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП