19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА„Морето беше мирно, но за две минути без да сфатиме се’ се...

„Морето беше мирно, но за две минути без да сфатиме се’ се смени“, раскажа Васил кој вчера беше спасен на Халкидики

Васил Брезовски, е Македoнeцот кој беше однесен во морето во Посеиди на Халкидики и прв беше спасен. Во интервју за грчките медиуми ги опишува драматичните моменти дo неговото спасување.

„Отидовме да пливаме со моите пријатели, на место кое тогаш беше мирно, немаше проблем, ниту високи бранови, ниту многу ветер. Но, за две минути, без да сфатиме, се се смени“, опишува тој за iefimerida.gr.

„Го загубивме вниманието на неколку минути, додека бевме во плиткото. Но, тоа беше доволно за времето да се промени и водата да не вовлече длабоко во морето“, се присетува тој.

Раскажува дека се обидувал да остане смирен и над површината на водата.

„До мене беше мојот друг пријател, третиот воопшто не го видов. Одеднаш и него го изгубив за неколку секунди“, вели тој.

За негова среќа, сурфер му пришол на местото каде што бил. Тој не можел да му помогне, но му рекол да почека, да остане смирен и дека помош ќе дојде наскоро. Навистина, сурферот ја известил крајбрежната стража и им ја кажал точната локација на Васил. Останал со него се додека не стасале спасувачите и Васил не бил на безбедно.

Васил моментално останува во болницата Полигирос. Само што дознал дека е пронајден неговиот втор пријател и е безбеден, вели се надевам и посакувам да се најде и другиот“, вели тој.

Спасените сакале да пренесат и порака за своите спасувачи, преку iefimerida.gr.

„Сакам јавно да им се заблагодарам на моите спасувачи од крајбрежната стража. Тие беа многу професионални. Им го должам мојот живот и наскоро ќе се обидам да ги видам лично, да им се заблагодарам“ порачува Васил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП