
Кој не би посакал одмор во еден ваков луксузен апартман со поглед на океан што се наоѓа во Кејптаун, Јужна Африка.


Кој не би посакал одмор во еден ваков луксузен апартман со поглед на океан што се наоѓа во Кејптаун, Јужна Африка.
Стилот на апартманот е модернизиран, приоритетот во градбата е ставен на погледот, со што природната светлина продира во секоја соба.
Апартманот „Clifton View 7“ меѓу другото, има четири спални, сала за фитнес, бар, домашно кино и винарска визба.
Овој ентериер е многу топол и исцртан со боите на земјата, на кои е распослеана голема количина на природна светлина. Сепак, тоа е само разигран и беспрекорен изглед на просторот, дневната соба, кујната и трпезаријата кои се дизајнирани на ист начин.
Во ентериерот на овој апартман ќе се запознаете и со локалната култура, преку големиот број на сатуети и предмети кои ја претставуваат убавината на Кејптаун.












