20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд 2023 година влезот во Венеција ќе чини 10 евра

Од 2023 година влезот во Венеција ќе чини 10 евра

Венеција ќе стане првиот град во светот кој на посетителите ќе им наплатува влезница, пишува Политико.

Со цел да се реши пренатрупаноста и да се обесхрабри пристигнувањето на туристи за еден ден, градските власти најавија дека од јануари 2023 година на туристите ќе им се наплаќа по 10 евра за влез во градот.

Посетителите ќе треба однапред да го резервираат влезот онлајн и да платат од 3 до 10 евра, во зависност од годишното време. Инспекторите ќе патролираат низ градот и ќе можат да ги запрат туристите и да бараат доказ дека платиле влез. Казната за неплаќање влез ќе изнесува до 300 евра.

Вака собраните пари ќе бидат потрошени за намалување на сметките за собирање смет што ги плаќаат жителите на Венеција, кои се повисоки од оние на соседните градови.

Жителите на Венеција, луѓето кои доаѓаат да ги посетат и туристите кои резервираат ноќевање во хотел ќе бидат ослободени од плаќање влезница.

Официјалниот претставник на Венеција, Симон Вентурини, рече дека мерката е „навистина револуционерна“, но предупреди дека ќе биде потребно време и прилагодувања за системот да работи правилно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП