20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЗадолжително исклучете ги овие уреди пред да тргнете на пат: Непотребно трошат...

Задолжително исклучете ги овие уреди пред да тргнете на пат: Непотребно трошат струја, а некои се и опасни

Време е за одмор и апсолутно сме сигурни дека едвај чекате да дојде вашиот ред, па да се упатите на некоја убава дестинација и да уживате во привлечноста на морето или планината. Сепак, пред да излезете од вашиот дом, погрижете се одредени уреди да се исклучени, за да не предизвикате непотребни трошоци и проблеми.

Пред се, треба да знаете дека има уреди кои можат да се расипат, додека од друга страна некои иако не работат сепак трошат струја, а некои може да предизвикаат дефект.

Апарати што треба да ги исклучите од струја

Сите модеми, конзоли за игри, лаптопи, рутери и сите уреди кои имаат дополнителен полнач. Сите тие треба да се исклучат од приклучокот додека сте на одмор, бидејќи, без разлика дали самиот апарат работи или не, тие сепак трошат струја.

Исто така, треба да ги исклучите сите мали апарати за домаќинство како што се тостери, блендери и сите апарати со тајмер, бидејќи додека не сте дома, тие можат да бидат потенцијално опасни.

Задолжително исклучете ги и уредете кои ги контролирате со далечинскиот управувач, бидејќи тие не се навистина исклучени и безбедни, додека не го исклучите напојувањето.

Клима: Не мора да го прекинувате напојувањето, доволно е само да ја исклучите.

Бојлер: Исто како кога се туширате, се што треба да направите е да го исклучите.

Исто така, добро би било да го исклучите главниот вентил за вода пред да заминете на одмор, бидејќи така ќе бидете сигурни дека нема можност од поплава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП