25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Huawei“ има нов адут во средниот сегмент

„Huawei“ има нов адут во средниот сегмент

„Huawei“ на својата веб-страница претстави нов телефон – „Nova Y90“, кој припаѓа на средниот сегмент на пазарот. Го краси голем екран, силна батерија и „Snapdragon“ чипсет.

Предниот панел на телефонот „Huawei Nova Y90“ го покрива 6,7-инчен LCD дисплеј, со Full HD + резолуција. Поддржува стапка на освежување од 90 Hz и има селфи камера од 8 MP сместена во отвор во центарот на горниот дел.

Главната камера од 50 MP (f / 1.8) е сместена на задната страна, заедно со макро камера од 2 MP и сензор за длабочина од 2 MP. Камерите се сместени во овална испакнатост, заедно со LED блицот.

Новиот „Y90“ се напојува со батерија од 5.000 mAh, со поддршка за „SuperCharge“ од 40 W, а компанијата тврди дека телефонот може да се наполни до 50% за 30 минути.

Во софтверското поле, уредот користи „EMUI 12“, но не се споменува на која верзија на „Andоrid“ се базира. Поддржан е дистрибуиран датотечен систем преку „Huawei Computer Manager“.

„Huawei Nova Y90“ има само една варијанта, со 8GB RAM и 128GB простор, а се напојува од чипсетот „Snapdragon 680“ во „LTE“ варијантата.

„Huawei“ не ја објави цената и достапноста на телефонот кој ќе биде достапен во опциите „Crystal Blue“, „Pearl White“, „Emerald Green“ и „Midnight Black“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП