20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПриходите од извозот на рускиот гас во Европа најверојатно ќе останат на...

Приходите од извозот на рускиот гас во Европа најверојатно ќе останат на нивоата во 2021-ва

Приходите на Русија од испораките на природен гас во Европа веројатно ќе ги достигнат нивоата во 2021-ва година, иако земјата го намали обемот за регионот, според „Bloomberg“.

Стабилните приходи од извозот на рускиот гас во Европа, како резултат на зголемените цени на енергенсите, делумно го неутрализираа ефектот на западните санкции против Москва, кои имаат за цел да го ослабат Кремљ поради инвазијата на Украина.

Рускиот државен енергетски гигант „Газпром“ најверојатно ќе генерира околу 100 милиони евра дневно од извозот на гас во Европа, во согласност со минатогодишното ниво, според пресметките на „Independent Commodity Intelligence Services“ (ICIS).

„Шокантно е да се види дека и покрај дневните намалувања на снабдувањето од страна на  „Газпром“ во Европа од 75%, дневните приходи сè уште се во склад со оние од пред една година и секако повисоки отколку пред Ковид-19“, рече Том Марзек-Мансер, шеф на анализа на пазарот на гас во „ICIS“.

Приходите од природниот гас во последниве месеци „донесоа солзи“ во ЕУ и изнесуваат вкупно околу 35 милијарди евра од почетокот на војната, додаде аналитичарот.

Европските фјучерси на гас се тргуваат со четирикратно зголемување на цената од јуни 2021-ва година. Цените се зголемија за 16% само оваа недела, откако „Газпром“ го намали обемот на доставен гас преку „Северен поток“, велејќи дека санкциите ја блокирале клучната турбина во Канада по нејзината поправка. Германија рече дека намалувањата се политички мотивирани и имаат за цел да ги разнишаат пазарите.

Падот на снабдувањето ја влошува енергетската криза во Европа, каде што потрошувачите се борат со зголемените сметки за електрична енергија во услови на најлошата криза за трошоците на животот во последните децении. Германија, која се потпира на Русија за повеќе од една третина од своите испораки гас, во четвртокот ја активираше „алармната“ фаза од својот план за итен гас како одговор на намалените руски испораки, но не им дозволи на комуналните претпријатија да ги префрлат растечките цени на гасот на потрошувачите во најголемата европска економија.

Кремљ постојано повторува дека меѓународните санкции и нанесуваат повеќе штета на Европа отколку на Русија. Извршниот директор на „Газпром“, Алексеј Милер, минатата недела потврди дека компанијата има корист од зголемувањето на цените во Европа и покрај намалениот извоз на гас.

Во првата половина на јуни, просечната дневна испорака на „Газпром“ надвор од поранешниот Советски Сојуз, вклучувајќи ги повеќето земји од ЕУ и Турција, падна на најниско ниво од најмалку од 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП