Новиот најмал модел на купе од „Mercedes“ со четири врати, моделот „CLA“, премиерно прикажан на интернет.
Атрактивната верзија на „Mercedes“ поседува интересен AMG пакет опрема со што додатно се изострува веќе постоечката спортска линија.
Малиот купе автомобил изгледа доста примамливо, како да нема ништо заедничко со минатите модели од истиот производител.
Се шпекулира дека „Mercedes-Benz CLA“ од својот асортиман ќе понуди и верзија со погон на четири тркала и тоа во „CLA 45“ AMG верзија, со 350 коњски сили.