24 април, 2024
ПочетнаКОРОНАРегистрирани 108 новозаразени со коронавирус, нема починати лица

Регистрирани 108 новозаразени со коронавирус, нема починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 723 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 75, Битола – 7, Куманово – 6, Прилеп и Кавадарци – по 4, Струмица – 3, Тетово, Гостивар и Охрид – по 2, Велес, Штип и Гевгелија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (108), регистрирани се 29 реинфекции.

Регистрирани сe 88 оздравени пациенти од: Скопје – 79, Битола – 5, Прилеп – 2, Пробиштип и Богданци – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, како и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се пријавени починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.075.632 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.360, бројот на оздравени пациенти е 303.498, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 540.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП