29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕБиолози фатиле женка питон тешка 100 килограми(ВИДЕО)

Биолози фатиле женка питон тешка 100 килограми(ВИДЕО)

Биолозите уловиле бурмански питон на Флорида долг 5,5 метри и тежок 100 килограми. Тоа е најголемиот примерок од овој вид кој некогаш бил уловен во оваа област. Станува збор за женка која снела 122 јајца.

Животното е фатено во шумата Picayune Strand во округот Колиер, Флорида. Иако научниците не сакаат да шпекулираат, биологот Иан Бартошек вели дека постои голема веројатност масивниот питон да е домашно милениче кое било пуштено во дивината пред неколку децении.

Во последниве години, питоните ја поплавија областа и избркаа и уништија бројни автохтони видови. „Можно е да имаме повеќе бурмански питони во Јужна Флорида отколку што има моментално во Југоисточна Азија“, изјави Бартошек за американските медиуми.

Нејзиниот последен оброк бил елен

Оваа џиновска женка питон е уловена пред половина година, но научниците дури сега ја претставија во јавноста. Беше евтаназирана набргу откако беше фатена, а научниците ќе се обидат да откријат што е можно повеќе за овој вид врз основа на овој примерок.

Инаку, и биолозите биле изненадени од она што го пронашле во стомакот на огромната змија. „Последниот оброк на ова животно бил елен со бела опашка со кој обично се хранат пантерите“, открија тие.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП