26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВиена на врвот на светската листа на најдобри градови за живеење

Виена на врвот на светската листа на најдобри градови за живеење

Виена е прогласена за најдобар град во светот за живеење, според EIU (Economist Intelligence Unit).

Минатата година беше оценето дека квалитетот на животот во европските градови значително опадна поради карантинот и другите ограничувања што беа на сила низ целиот континент поради инфекцијата со Ковид, додека функционирањето на животот во Нов Зеланд го доведе Окленд во прв план.

Но, бидејќи повеќето ограничувања беа укинати во остатокот од светот на почетокот на 2022 година, градовите во Нов Зеланд, Австралија и Кина повторно паднаа.

Според извештајот, „добро вакцинираните“ градови во Европа и Канада сега доминираат на пописот – по Виена следуваат Копенхаген, Цирих, Калгари, Ванкувер и Женева. Други градови во првите десет се Франкфурт, Торонто, Амстердам, Осака и Мелбурн.

Значајни фактори во процесот на евалуација ја вклучуваат стабилноста, што објаснува зошто Москва и Санкт Петербург паднаа за 15, односно 13 места, во светло на руската инвазија на Украина. Киев не можеше да биде рангиран оваа година поради избувнувањето на војната.

Дамаск е оценет како најнепогоден град за живеење на глобално ниво, а потоа следат Лагос, Триполи, Алжир и Карачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП