26 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДиета: Намалете 5 кг за 10 дена

Диета: Намалете 5 кг за 10 дена

Со оваа диета можете да намалите 5 килограми за 10 дена, во зависност од вашата тежина. Лицата со поголем број на вишок килограми со применувањето на оваа диета ќе остранат повеќе од вишокот….

Во диетата „5 килограми помалку за 10 дена“ намирниците се поделени според категории, од секоја категорија има определен број на дозволени порации на ден. Искомбинирајте ги паметно порциите, не ги повторувајте во еден ден, така што ќе изберете различни видови на нармирници.

Потребно е да го зголемите и количеството на вода и да додадете некаков вид на физичка активност. Потребно е да имате пет оброци, појадок, ужинка, ручек, ужинка и вечера.

Млеко и сирење – околу 100 калории –  3 различни порции дневно

125 г нискомаслена урда

75 г младо сирење

400 мл сурутка

150 г нискомаслен јогурт

40 г моцарела или фета сирење

200 мл млеко со 1,5 проценти масти

250 мл кефир

Месо, риба, јајца – околу 100 калории – само 1 порција

100 г свинско, пилешко или телешко филе

75 г телешка шницла

1 мал колбас

60 г пилешки или телешк бифтек

50 г шунка

125 г посно филе од риба

50 г чаден лосос

1 јајце

jena-salata-marulq-marula-dieta-pokupki-104777-500x334

Овошје – по 1 порција на ден, 150 калории

350 г јаболка, круши, киви, јагоди или грозје

Зеленчук – по 1 порција на ден, 150 калории

300 г свежи или приготвени на пареа спанаќ, зелка, моркови, домати, краставици, печурки, пиперки, целер, цвекло. Посипете со 1 лажица свежи зачини.

Додаток – по 1 порција на ден, 100 калории

70 г тестенини, 75 г варен ориз, 45 г пченкарен леб.

За пржење на ден се користи 1 лажиче масло, а за премачкување – 1 лажиче масло или путер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП