19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАКовачевски, Рама и Вучиќ решија – ќе одат во Брисел на самитот...

Ковачевски, Рама и Вучиќ решија – ќе одат во Брисел на самитот ЕУ – Западен Балкан

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска на „Твитер“ напиша дека тој, заедно со своите колеги, македонскиот премиер Димитар Ковачевски, албанскиот колега Еди Рама и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе оди во Брисел и ќе учествува на самитот Европска Унија – Западен Балкан.

„Ќе присуствуваме на состанокот на Советот на ЕУ. Нема да има многу што да се чуе за нас, но ќе бараме да бидеме слушнати за идејата за нова европска политичка заедница, која ја поддржуваме, за ‘Отворен Балкан’, кој го промовира духот на Европа, и за нашето киднапирање од Бугарија. Само што слушнав дека нешто денеска се придвижува во Бугарија. Прерано е за оптимизам и премалку за промена на делот од утрешниот говор, каде што Бугарија ќе биде критикувана како земја што киднапирала две земји од НАТО додека има жешка војна на европската граница!“, наведе Рама.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП