25 април, 2024
ПочетнаКОРОНАРегистрирани 91 новозаразени со коронавирус, нема починати

Регистрирани 91 новозаразени со коронавирус, нема починати

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.067 теста, а регистрирани се 91 нов случај на Ковид-19: Скопје – 65, Куманово – 8, Битола – 6, Охрид – 4, Прилеп и Кавадарци – по 2, Тетово, Велес, Гостивар и Штип – по 1.

Од вкупниот број позитивни (91), регистрирани се 23 реинфекции.

Регистрирани сe 67 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 54, Битола – 8, Прилеп, Кавадарци, Тетово, Гостивар и Берово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, како и во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, не се пријавени починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.073.238 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.050, бројот на оздравени пациенти е 303.354, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 374.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП