29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонските тенисери ќе се натпреваруваат на Дејвис Куп турнир во Улцињ Црна...

Македонските тенисери ќе се натпреваруваат на Дејвис Куп турнир во Улцињ Црна Гора

Од среда 22 јуни до 25 јуни, македонската Дејвис куп репрезентација ќе се натпреварува во Улцињ Црна Гора на ITF DAVIS CUP EUROPE GROUP III, Светското екипно првенство за Мажи. Во нашиот тим се вклучени Горазд Србљак, Калин Ивановски, Обрад Марковски, Стефан Мицов и Берк Бугариќ. Тие ќе се натпреваруваат со репрезентативните тенисери од Ерменија, Кипар, Грузија, Лихтенштајн, Луксембург, Молдавија и Црна Гора.

Само три земји имаат можност за плејоф и влез во DAVIS CUP EUROPE GROUP II, додека две земји испаѓаат во четврта категорија.

Оваа година Davis Cup тимот е подмладен, и го сочинуваат млади играчи кои имаат голем потенцијал, и огромни можности за напредок. Изминатиов период напорно работевме, и сметам дека подготвени го дочекуваме овој турнир, изјави капитенот на репрезентацијата Чедомир Јовановски, кој заедно со заменик капитенот Владимир Томиќ работат на подготовка на нашите најдобри тенисери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП