26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Марка“: Роналдо би можел да се врати во Реал

„Марка“: Роналдо би можел да се врати во Реал

Португалскиот репрезентативец и играч на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо би можел да се врати во Реал Мадрид и следната сезона да игра во Лигата на шампионите, тврди шпанскиот спортски весник „Марка“.

Италијанскиот весник „Ла Република“ пред неколку дена објави дека Роналдо би можел да го напушти англискиот клуб, бидејќи не се вклопува во визијата на новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг.

„Марка“ потсетува на изјавата на првиот човек на Реал, Флорентино Перез, кој на крајот од минатата сезона изјави дека не постои можност Роналдо да се врати во мадридскиот клуб. Сепак, шпанскиот весник истакнува дека сега работите се многу поразлични.

„Најважно за Роналдо е да продолжи да игра во Лигата на шампионите. Тоа нема да може да го направи следната сезона со Јунајтед кој беше шести во Премиер лигата. Роналдо има договор со англискиот клуб до јуни следната година, а ЛШ би можел да ја искористи како аргумент за заминување од Манчестер јунајтед“, наведува „Марка“.

„ И покрај тоа што има 37 години, се чини дека Кристијано сака да продолжи да игра на највисоко можно ниво за да оди на Светското првенство во Катар. Перез летово се концентрираше на доведување на Килијан Мбапе. Работите во меѓувреме се сменија, клубот бара напаѓачи и привремено решение би можело да биде доаѓањето на Португалецот. Сепак, нарушувањето на атмосферата во соблекувалната може да му наштети на тимот“.

Роналдо играше за Реал од 2009 до 2018 година. Со мадридскиот клуб освои 15 трофеи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП