Димитар Гочев од бугарската владејачка партија „Продолжуваме со промените“ утринава во интервју за емисија на „БНТ“ вели дека „ќе има јавна, видлива дебата за сите, во која ќе се разговара за сите гледишта и ќе се донесе конечна одлука дали да се прифати францускиот предлог или да се одбие во однос на Република Северна Македонија. Не сум го видел текстот. Мора да опстоиме на ставот што го имавме досега“.
„Ставот на Бугарија е јасен – македонскиот јазик го сметаме за дијалект на бугарскиот јазик. Бугарија и понатаму има право на вето и во секое време може да го блокира членството на Република Северна Македонија во Европската Унија”, смета Гочев.

