24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАСо францускиот предлог поголем дел од барањата на Софија влегуваат во преговарачката...

Со францускиот предлог поголем дел од барањата на Софија влегуваат во преговарачката рамка

Северна Македонија ќе треба да се обврзе да ги внесе Бугарите во преамбулата во брз рок, а потоа и да донесе акциски план за заштита на нивните права, за да ги започне пристапните преговори со ЕУ, се наведува во францускиот предлог кој е доставен до Софија, пишува сервисот „Дојче веле“ кој имал увид во двата документа кои се понудени од Франција како решение за надминување на спорот со Бугарија.

Како што пренесува ДВ, поголем дел од планот „4+1″ на чија основа двете земји преговараат за надминување на билатералниот спор, се сели во преговарачката рамка.

Според ова, во акцискиот план кој треба да го спроведат нашите власти, освен заштитата на малцинствата и недискриминацијата, се споменува и образованието.

Дополнително, за да почнат пристапните преговори, Бугарија ќе треба да биде уверена дека повеќе не се врши дискриминација во земјата и дека нема говор на омраза. Тие прашања ќе бидат регулирани со акцискиот план на кој Скопје ќе мора да се обврзе, пишува „Дојче веле“.

Според сервисот, во точката 53 каде што се објаснуваат одредниците за кластерот Темели, се прецизира дека Патоказот за владеењето на правото и акцискиот план, кој практично произлегува oд бугарските барања, се изедначуваат по важност и без нивното целосно исполнување државата нема да може да продолжи натаму.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП