18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија оди кон трета рецесија?

Велика Британија оди кон трета рецесија?

gre1

Британската економија во четвртиот квартал забележа неочекуван пад од 0,3 проценти, покажаа прелиминарните податоци на Државниот завод за статистика (ONS), сведочејќи дека втората по големина економија во Европската унија е се поблиску до трета рецесија.

Станува збор за пад од 0,1 процент, но сепак,  тој е поголем од очекувањата на економистите.

На годишно ниво економијата во четвртиот квартал стагнирала, како и во третиот квартал, покажуваат податоците на Заводот за статистика.

Економистите очекуваа дека БДП во споредба со четвртиот квартал од 2011 ќе се зголеми за 0,2 проценти.

Економијата стагнираше и во претходната година, проценуваат од Заводот за статистика.

Британското Министерство за финансии, коментирајќи го неочекуваниот пад во четвртиот кватрал, оцени дека Британија сеуште се соочува со многу тешка економска ситуација.

„Тоа го потврдува она што веќе го знаеме, а тоа е дека Британија, како и многу европски земји, и понатаму се соочува со многу тешка економска ситуација. Тежок е патот кон заздравување на економијата“, се вели во соопштението од Министерството за финансии

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП