25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООдличен тенис се гледа во Скопје! Бугариќ и Марковски во второ коло...

Одличен тенис се гледа во Скопје! Бугариќ и Марковски во второ коло на ИТФ15 турнирот.

Берк Бугариќ и Обрад Марковски се пласираа во второто коло на ИТФ турнирот што се одржува во Скопје.

Бугариќ во меч што траеше скоро два часа со 2:0 по сетови 6:4 и 6:3 го елиминираше Илја Снитари од Молдавија додека Марковски место во втората рунда обезбеди откако Брендон Вокин од Австралија го предаде мечот при резултат 6:0 и 2:0 во вториот сет.

Калин Ивановски не успеа да ја мине првата пречка откако во дуелот против првиот носител Орландо Луз од Бразил, кој во моментов е 321 играч на светот загуби со 7:6 и 6:3.

Турнирот го завршија и Стефан Мицов и Горазд Србљак кои забележаа порази во соочувањата со Словакот, Лукас Палович и Франко Ронкадели од Уругвај.

Турнирот го продолжува и нашата Дејвис куп двојка кои во 1/4 финалето ќе играат против Брендон Вокин и Метју Ромиос од Австралија.

Мечевите можат да се следат во живо на следните линкови:

Терен 5: https://youtu.be/i7yC3xNo6p4, Терен 8 https://youtu.be/VRHs_Nw3k4A

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП