26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХаланд официјално е играч на Манчестер сити

Халанд официјално е играч на Манчестер сити

Ерлинг Халанд и официјално е новиот играч на Манчестер Сити. Фантастичниот 21-годишен Норвежанец потпиша договор до 2027 година, за него Сити на Борусија и плати 60 милиони евра.

Интересно, на денешен ден пред 22 години, таткото на Ерлинг, Алфи Инге Халанд, го стави својот потпис на три годишниот договор со Сити.

“Ова е посебен ден за мене и за моето семејство. Роден сум во Англија, од мал навивам за Манчестер сити. Се чувствувам како дома и мислам дека ова е вистинскиот потег. Секогаш го следевме Манчестер Сити, ми се допаѓа како напредуваа претходните години. Го сакам напаѓачкиот стил кој го негува тимот бидејќи тоа е совршен систем за играч како мене. Верувам дека сум на вистинското место каде можам да ги исполнам моите амбиции. Сакам да постигнувам голови, да освојувам трофеи и да напредувам како играч. Со нетрпение чекам да запонам со подготовките за новата сезона“, изјави Халанд.

Халанд ќе заработува околу 20 милиони евра по сезона и само Кевин Де Брујне ќе има поголема плата од него. Она што се уште не е познато е кој број ќе го носи Норвежанецот на дресот. Во Борусија го носеше бројот 9 кој моментално го има Габриел Жесус, но Бразиелцот ќе го напушти клубот.

Бројот 11 го носи левиот бек Олександр Зинченко, додека Џек Грилиш, кој пристигна минатото лето за 100 милиони евра, ја доби десетката. Можно е тој да го одбере бројот 15, кој во Сити го носеше и неговиот татко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП