16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАМНР: Го одбивме барањето на руската амбасада за користење на воздушниот простор...

МНР: Го одбивме барањето на руската амбасада за користење на воздушниот простор за лет до Белград

Министерството за надворешни работи го одби барањето на руската амбасада за специјално одобрение за користење на воздушниот простор за лет до Белград, информираат од оваа институција по веста во светските и регионалните медиуми дека шефот на руската дипломатијата Сергеј Лавров ја откажал посетата на Белград, откако Македонија, Црна Гора и Бугарија го забраниле неговиот лет.

Одлуката како што појаснуваат од оваа институција е „Поради тоа што Владата веќе има донесено општа одлука за затворање на воздушниот простор на Северна Македонија за авио-превозници во сопственост на Руската Федерација“.

И портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека посетата се откажува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП