Црна Гора, Северна Македонија и Бугарија денеска го забранија прелетувањето на авионот со кој министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров треба да пристигне во официјална посета на Белград, пишува Belgrade News.
Претходно денеска, премиерката Ана Брнабиќ изјави дека ситуацијата во врска со пристигнувањето на Лавров во Белград е „исклучително комплицирана“ и дека српскиот претседател Александар Вучиќ се занимава со логистиката на неговото патување, велејќи пред неколку дена дека ситуацијата во врска со доаѓањето на Лавров е „комплицирана“.

