недела, 2 октомври 2022
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовиот „Galaxy Z Flip4“ би можел да ги има овие спецификации

Новиот „Galaxy Z Flip4“ би можел да ги има овие спецификации

Барем неколку месеци нè делат од официјалното претставување на телефонот „Samsung Galaxy Z Flip4“, но веќе некое време знаеме како ќе изгледа смартфонот, благодарение на рендерите кои се појавија минатиот месец.

Веќе се појавија и неколку спецификации за „Galaxy Z Flip4“, а сега се појави комплетна листа на спецификации за моделот, што ни дава појасна слика за флексибилниот телефон на „Samsung“ за 2022-ра година.

Изворот тврди дека „Samsung Galaxy Z Flip4“ од самиот почеток ќе работи со „One UI 4“, базиран на „Android 12“ и ќе има чипсет „Snapdragon 8+ Gen 1 SoC“ и 8 GB RAM и две опции за складирање – 128 GB и 256 GB. Тие информации се во согласност со листата на „Geekbench“, каде што телефонот е забележан со чип „Snapdragon 8+ Gen 1“, 8GB RAM и Android 12.

Сепак, додека претходните гласини тврдеа дека „Samsung Galaxy Z Flip4“ ќе пристигне со батерија од 3.400 mAh, изворот во новите гласини вели дека паметниот телефон ќе има батерија од 3.700 mAh со поддршка за полнење со кабел од 25 W и поддршка за безжично полнење од 10 W („Flip3“ имаше полнење од 15 W преку кабел).

„Galaxy Z Flip4“ ќе има 6,7-инчен FullHD + 120Hz AMOLED екран со слот за селфи камера, кој ќе биде централно поставен како кај неговиот претходник. Надворешниот екран треба да биде малку поголем од неговиот претходник, поточно зголемување од 1,9 на 2,1 инчи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП