19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАIngenuity не престанува да воодушевува: Погледнете како изгледа еден негов лет над...

Ingenuity не престанува да воодушевува: Погледнете како изгледа еден негов лет над површината на Марс(ВИДЕО)

Малиот хеликоптер Ingenuity на НАСА, кој беше испратен на Марс за да ги тестира можностите за летање и истражување на планетата од воздух, продолжува да ги воодушевува научниците и да ги изненадува своите инженери. Првично замислен како минијатурен хеликоптер кој ќе изврши неколку пробни летови, Ingenuity неодамна го изведе својот 25-ти лет и со тоа постави нов рекорд.

Покрај успешното полетување и слетување по 25-ти пат, тој мина 704 метри со брзина од 5,5 метри во секунда, што воедно е негов најдолг и најбрз лет досега.

Долната навигациска камера на Ingenuity ни даде неверојатен увид во тоа како изгледа лет на 10 метри над површината на Марс со брзина од 5,5 метри во секунда, изјави лидерот на тимот на Ingedity во лабораторијата за реактивен погон на НАСА, Теди Цанетос.

На видеото што го објавија се гледа карпестата површина на Марс и сенката на Ingenuity додека лета на висина од 10 метри. Иако оригиналниот лет траеше 161 секунда, НАСА го забрза видеото приближно пет пати за да го скрати за гледање. Она што е интересно да се забележи е дека не го гледаме само слетувањето. Како што е објаснето од НАСА, камерата е програмирана да се исклучува кога хеликоптерот ќе слета на помалку од еден метар од површината за да се избегне мешање на прашина со уредите за време на полетувањето и слетувањето.

Инаку, Ingenuity користи пропелери кои се напојуваат од шест литиум-јонски батерии напојувани од соларни панели. Во текот на изминатата година, Ingenuity прелета 6,9 километри и направи илјадници фотографии кои им дадоа на научниците на НАСА нов увид во површината на Марс и дадоа надеж дека е можно да се истражат далечни планети со ракување со толку мал уред од Земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП