25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОваа билка ќе ви помогне да ги отстраните акните

Оваа билка ќе ви помогне да ги отстраните акните

Билката мајчина душица ја уништува бактеријата propionibacterum acnes, главниот виновник за појавата на мозолчиња, акни.

Оваа билка ја уништува бактеријата propionibacterum acnes, главниот виновник за појавата на акните од кои страдаат многумина, тврдат британските научници. Тим на истражувачи од Универзитетот во Лидс од оваа билка ги издвои основните сосотојки и ги помеша со активни состојки од мирта и невен.

Научниците ги оставиле да стојат седум дена во алкохол, а потоа добиената течност ја нанесувале на бактеријата која ги предизвикува акните.

Резултатите покажале дека мешавината на активните сосотојки од овие билки е поделотворна од пероксид-бензол кој се наоѓа во сите креми за борба против мозолчињата. Притоа, оваа мешавина, или мајчината душица која сама по себе е мелен, не предизвикува црвенило и иритација на кожата туку делува антивоспалително.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП