25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Samsung“ планира нов чипсет само за своите телефони

„Samsung“ планира нов чипсет само за своите телефони

Веќе подолго време се зборува за тоа како „Samsung“ сака да го редизајнира својот уникатен мобилен процесор кој ќе се користи исклучиво во најмоќните уреди што ги произведува – серијата мобилни телефони „Galaxy S“.

Во моментов „Samsung“ ги произведува „Exynos“ процесорите и ги користи во своите телефони наменети за европскиот пазар, на незадоволство на голем број корисници. Едноставно кажано, разликите во перформансите во корист на чипсетот „Snapdragon“ се огромни и луѓето тоа го забележуваат. Сепак, јасно е дека „Samsung“ не сака засекогаш да користи решенија од трети страни во своите водечки серии и дека е време да ги следи стапките на „Apple“ и „Google“, кои ги користат „A15 Bionic“ и „Tensor“ чиповите во своите мобилни уреди.

Според порталот „GSM Arena“, „Samsung“ се подготвува да претстави ваква серија чипови во серијата на телефони „Galaxy S“ наменети за 2025-та година.

Директорите на „Samsung“ едноставно не се задоволни од проблемите што ги имаа со чипсетот „Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1“, како што се прегревање и голема потрошувачка на батеријата. Затоа, сериозно се размислува за развој на уникатно напредно решение кое ќе се користи исклучиво во серијата најмоќни уреди во нивното портфолио.

Сепак, работите не се толку едноставни, бидејќи „Samsung“ го затвори одделот за развој и производство на наменски чипови во декември 2019-та година. Дали ова значи дека одделот повторно ќе се отвори? Ако наводите се точни, најверојатно да.

Од друга страна, ниту на „Samsung“ не му цветаат рози се во прашање нивните процесори, па ни „Exynos 2200“ не покажа најдобри резултати, а имаше и проблеми со прегревање и потрошувачка на батеријата. За да се справат со навистина сериозните решенија како чиповите „Bionic“ и „Snapdragon“, им треба еден сериозен процесорски ѕвер. Останува да почекаме таму до 2025-та година и да видиме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП