28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEricsson инвестира околу 800 милиони евра во центри за податоци

Ericsson инвестира околу 800 милиони евра во центри за податоци

ericsson2

Најголемиот светски производител на опрема за мобилната мрежа „Ericsson“ објави дека во наредните пет години ќе изгради три нови центри за податоци со вкупна вредност од околу седум милијарди шведски круни (802,2 милиони евра).

Во соопштението се наведува дека „Ericsson“ ќе изгради два центри за податоци во Шведска, во Стокхолм и Линкопинг, а еден во Канада, во Монтреал. Двата центри во Шведска ќе започнат со работа на крајот на оваа односно наредната година, а тој во Канада на почетокот на 2015 година, се наведува во соопштенито од компанијата.

Новите центри ќе се простираат на вкупна површина од 120 илјади квадратни метри, што е околу 14 фудбалски игралишта. Тие ќе бидат лоцирани во близина на водечките центри на „Ericsson“ за истражување и развој  и ќе функциониаат како платформа со повеќе од 24 илјади инженери ангажирани со различни задачи.

Минатата година „Ericsson“ во истражувањето и развојот инвестираше 32,8 милијарди шведски круни, што е околу 14 проценти од приходите на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП