19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПрироден напиток кој ќе ви помогне доколку страдате од запек

Природен напиток кој ќе ви помогне доколку страдате од запек

Доколку страдате од запек, овој еликсир кој лесно се подготвува, а не содржи силни лаксативи ќе ви биде од голема помош.

Запекот се манифестира со намален број на пати на исфрлување на изметот, тврд измет и отежнато празнење на цревата. Предизвикувачи се најчесто промените на вообичаените секојдневни животни навики (патување, привремено недвижење, преобилни оброци), земање на лекови (на пример седативи или лекови против киселина) или болести како дијабетес, тумор, синдром на надразнето црево, мултиплекс склероза и сл, а често и во текот на бременоста.

Запекот може да предизвика други, многу непријатни болести како анални фисури (оштетување на слузницата на аналниот канал), чир на ректумот и многу често, хемороиди. Запекот може да се јави повремено или да прерасне во хроничен проблем доколку трае подолго од 6 недели. Запекот е често проследен со замор бидејќи организмот не се ослободува од токсините.

Состојки:

– 1 чинија спанаќ

– 2-3 дл кисело млеко

Подготовка:

Изберете квалитетен, свеж спанаќ. Одвоете ги стебленцата и добро измијте го спанаќот. Ставете ги листовите во блендер и додадете го киселото млеко. Добро промешајте.

Наутро и навечер пијте по една чаша од овој напиток секој ден. Овој напиток за кратко време ќе го врати вашиот систем за варење во нормала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП