26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајлуксузното казино

Најлуксузното казино

kazino1

„ Sky 32“ е елитна оаза на луксузот која се наоѓа на 32. кат од „Galaxy Macau“ во Макао, во Кина.

kazino3

Луксузниот салон  за VIP посетителите нуди спектакуларни погледи, дијамантски лустери и шест луксузни салони, каде големите играчи треба да вложат најмалку 10 милиони јуани (1,6 милиони долари) за почеток.

kazino2

Казиното се отвори во 2011 година, откако изградбата му траеше девет години, со надеж дека луксузот мора да биде на највисоко ниво. Всушност, и не напрвиле грешка, затоа што денес 600-те маси за коцкање и 250-те хотелски соби ги  привлекуваат  најбогатите клиенти од Кина.

kazino5

Покрај стравувањата дека владата на Кина ќе ја зајакне контролата над коцкање во Макао, „Bloomberg“ информира дека бизнисот со обложување од страна на VIP клиенти се развива добро.

Приходите на „Galaxy Macau Casino“ изнесуваа 38 милијарди долари минатата година. „Galaxy Macau“ е мега казино одморалиште чија што изградба чинеше 2 милијарди долари. Само во март 2013 година приходите на казиното изнесуваат 3.9 милијарди долари, според „Bloomberg“.

kazino6

VIP салонот е на 32-тиот кат на хотелот. Тоа е лобито кое ги поздравува големите играчи.

Се што е во „Sky 32“ е неверојатно луксузно, дури и местата за гости, кои не сакаат да играат и да вложуваат, како овој бар и ресторан.

kazino7

За да играат во овој VIP салон, посетителите треба да се подготвени да вложат најмалку 1,6 милиони долари на посета. Во казиното има шест одделни сали, вклучувајќи ја осамената соба. Дизајнот во сите сали е неверојатен.

kazino4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП