5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLenovo дели 3,25 милиони долари бонуси за вработените

Lenovo дели 3,25 милиони долари бонуси за вработените

lenovofactory1

Кинескиот производител на компјутери „Lenovo“ кој според продажбата го надмина американскиот „Hewlett Packard“ и така стана најпродаваниот компјутерски бренд во светот, на своите вработени ќе им подели годишни бонуси во висина од три милиони долари.

Портпаролката на „Lenovo“ од Хонг Конг Ангела Лее, потврди дека 3,25 милиони долари бонус се издвоени за околу 10,000 вработени во Кина и во 19 други земји.

Според податоците на сајтот на „Lenovo“, компанијата во целиот свет вработува околу 30,000 лица, а како што вели Лее, од 8,500 до 9,000 од оние кои ќе добијат бонуси работат во Кина, додека остатокот во САД, Јапонија и другите земји.

Повеќето од нив работат на час, па според Лее, дополнителните 300 долари за лицата во призводствениот сектор ќе значат многу, особено за оние кои ги издржуваат своите семејства.

Продажбата на „Lenovo“ ја надмина продажбата на „Hewlett Packard“ – компанија која беше водечка во продажбата на комјутери во последните седум години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП