19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајголемиот бел дијамант продаден на аукција за „испод цена“

Најголемиот бел дијамант продаден на аукција за „испод цена“

„The Rock“, најголемиот бел дијамант понуден на аукција, продаден е за 17,8 милиони евра, што е помалку од очекуваното и далеку од рекордот во својата категорија.

Скапоцениот камен од 228,31 карати, поголем од топче за голф, „е навистина посебен дијамант во облик на круша“, рече Макс Фосет, шеф на одделот за накит во аукциската куќа Кристи во Женева.

Истиот беше ставен на продажба од неименуван сопственик од Северна Америка и се очекуваше да биде продаден за 19 до 28 милиони евра.

Фосет рече дека има само неколку дијаманти со слична големина и квалитет како „The Rock“.

Рекордот на Кристи за сличен бел дијамант е 33,7 милиони долари, за скапоцен камен од 163,41 карати во 2017 година.

„The Rock“ беше изваден од рудник во Јужна Африка на почетокот на 2000-тите и беше прикажан во Дубаи, Тајпеј и Њујорк пред да се продаде во Женева.

На аукцијата имаше и светло жолт дијамант, поврзан повеќе од еден век со Црвениот крст, кој ќе добие дел од неговата продажба.

Продаден е за 14,3 милиони швајцарски франци.

Дијамантот од 205,07 карати на Црвениот крст е скапоцен камен во облик на перница во жолта боја. Се очекуваше да биде продаден за седум до 10 милиони швајцарски франци.

Каменот е пронајден во 1901 година во рудникот на компанијата De Beers во Јужна Африка и наводно тежел околу 375 карати.

Освен што е еден од најголемите дијаманти во светот, впечатлива карактеристика е и неговиот долен дел кој природно има облик на малтешки крст.

Скапоцениот камен првпат бил ставен на продажба на 10 април 1918 година во Кристи во Лондон.

Бил понуден од Дијамантскиот синдикат за да му помогне на Британското друштво на Црвениот крст и Редот на Свети Јован.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП