Од Македонската Радио Телевизија (МРТ) информираат дека по инцидентот кој што се случи за време на официјалната церемонија за отворање на „Евросонг 2022“, кога нашата претставничка Андреа Коевска го фрли македонското знаме, детално ги разгледале сите аспекти за евентуално повлекување на нашата претставничка од Евровизија.
„Таквиот чекор во момент кога сите рокови за повлекување се поминати би предизвикал голема финансиска штета и други санкции кои што не се за занемарување. Имено, со откажувањето би се загрозилo и учеството и отстапувањето на телевизиските права на сите други настани кои што Јавниот сервис ги добива како членка на Европската радиодуфузна мрежа“, се наведува во соопштението на МРТ.

