26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„NFT“ пристигнува на „Instagram“

„NFT“ пристигнува на „Instagram“

Група креатори и колекционери на „NFT“ наскоро ќе имаат можност да ги прикажат своите незаменливи токени на „Instagram“.

Марк Цукерберг, извршниот директор на „Meta“, потврди дека компанијата тестира „NFT“ на својата платформа, а слична функција наскоро ќе биде достапна и за „Facebook“.

Шефот на „Instagram“, Адам Мосери додаде дека помала група корисници од САД ќе имаат можност да прикажуваат „NFT“ на нивните „фидови“, приказни и пораки.

Деталите за „NFT“ се прикажуваат на сличен начин во означените профили и производи и се нарекуваат „digital collectibles“. Со кликнување на ознаката ќе се прикажат детали, како што се името на создавачот и сопственикот.

Мосери истакнува дека тестот е помал, за да може „Instagram“ да учи и да собира повратни информации од заедницата.

Првично, поддршката ќе биде понудена за „NFT“ базирани на блокчејнови „Ethereum“ и „Polygon“, додека „Solana“ и „Flow“ ќе бидат додадени подоцна.

Се наведува дека поддршката за „NFT“ на „Instagram“ може да помогне да се доближи технологијата до поширок круг на луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП