20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАДиректорот на скопската Зоолошка информира за немили настани, биле сечени катанци од...

Директорот на скопската Зоолошка информира за немили настани, биле сечени катанци од живеалиштата на животните

Директорот на скопската зоолошка градина Скопје, Кристијан Стаменов, денеска даде изјава за медиумите во која информира за неколку, како што рече, немили настани кои во изминатиот период се случиле во зоолошката.

„Најпрво, на 10. април поединци направиле неовластен влез на група од дванаесетина луѓе, петнаесет минути пред затворање на градината. Истото е уредно пријавено и се повикани претставници од МВР за увид во неовластениот влез на групата луѓе.

На 28. април од службите во Зооолошката градина е направен увид во живеалишата на животните и е констатирано дека се пресечени неколку катанци, по што биле пуштени неколку животни, во рамки на просторот во зоолошката градина. Истото е пријавено и констатирано рано утрото од страна на зоо-негувателите кои дошле на работа, дека се работи за видливо и намерно пуштање на неколку животни од нивните живеалишта.

По рекордната посетеност во Зоолошката градина со над 14.000 посетители, на 09. мај во 00:30 часот имаше обид да се обие влезната врата од благајната. Сторителот е фатен од безбедносните камери на Зоолошката градина како во два наврата се обидува да го обие влезот на благајната, претпоставуваме со цел да направи финансиска штета. Но, снимениот поединец останал само на обидот, затоа што како што се гледа на снимката не можел да го обие влезот на билетарата и благајната“, посочи Стаменов кој додаде дека покрај тоа што овие настани се пријавени до надлежните органи, односно до МВР, зголемена е и будноста кај персоналот, а дополнително е зголемено и обезбедувањето во ноќната смена.

Директорот на скопската зоолошка остро ги осуди, како што кажа, сите обиди да се наштети на работниот процес, но и на безбедноста на животните.

„Се надеваме дека службите од Министерството за внатрешни работи ќе работат интензивно на откривање на сторителите, со цел да се спречат и понатамошни вакви обиди“, нагласи Стаменов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП